Во План Плус, секој ден го започнуваме со една цел, Апсолутна доверливост: тоа е нашата посветеност кон коректни, навремени и сигурни перформанси. Водени од нашата визија, мисија и вредности, како и нашиот иновативен пристап кон дистрибуцијата на нашите партнери им нудиме сигурност, ефикасност и безбедност.

Компанијата ПЛАН ПЛУС ДОО е специјализирана компанија за дистрибуција. Од своето основање во 2006 година, кога главни клиенти беа помали компании, компанијата изгради репутација на иновативен, флексибилен и пред сè стабилен партнер во дистрибуција на производи од областа на козметика, билкарство и хемија.
Повеќегодишниот професионален ангажман и посветеност во работата на тимот кој брои повеќе од дваесет вработени, придонесоа компанијата да изгради солидна репутација и успех, при исполнувањето на очекувањата на клиентите. ПЛАН ПЛУС ДОО обезбедува сигурен, оптимизиран процес на дистрибуција со што се зголемува ефикасноста а истовремено намалување на трошоците на клиентите.
ВИЗИЈА
ПЛАН ПЛУС ДОО е компанија посветена да биде партнер од доверба, како кон добавувачите, така и кон клиентите, обезбедувајќи квалитетни услуги, исклучителна експертиза и услужливост и страст за квалитет и задоволство на клиентите.
ПЛАН ПЛУС ДОО има организациска структура без строга хиерархија, што овозможува брза реакција при наоѓањето на решенија кои треба да одговорат на вашите барања, како и зголемување на брзината при донесување одлуки и ни дава можност да имплементираме кориснички решенија кои далеку ги надминуваат оние на нашите конкуренти.
Нашиот бизнис модел ви обезбедува:
- Услуги и поддршка прилагодени кон клиентот
- Креативни, кориснички решенија
- Одговорност и сигурност
- Флексибилност и конзистентност
За повеќе информации погледнете го нашето корпоративно видео.
- Обезбедување на највисоко ниво на квалитет на услуга и современа понуда на нови производи.
- Градење на квалитетни и долгорочни деловни односи со клиентите, базирано на взаемна доверба.
- Постојано исполнување на очекувањата на нашите клиенти со нашата услуга и квалитет на производи.
- Работа базирана на чесност, интегритет и почит во секое време.
- Приспособливост на промени и поттикнување на иновации.
- Стремеж кон успешност во сè што правиме.
ПЛАН ПЛУС ДОО врз основа на следните принципи ја заснова својата политика за квалитет:
- постојано проучување на потребите на сегашните и идните корисници со цел истите да се прилагодат и подобрат за поголем успех во работата.
- постојано исполнување на барањата на корисниците, за да допринесеме за нивно целосно задоволство.
- сите одлуки кои ги донесуваме се засновани исклучиво на анализи, адекватни податоци и проверени факти.
- сите вработени во компанијата активно учествуваат во сите дејности, свесни за успешноста на нашата организација.
- сите активности се организираат како мрежа на процеси со јасно дефинирани влезови и излези во кои сите имаат соодветни обврски кои мораат да ги исполнат, односно со кои мораат во потполност и во секој момент да управуваат.
- сите проблеми ги решаваме системски и систематски.
- со целосна контрола на внатрешно организирање и обезбедување на соодветни услови за работа создаваме поволно окружување за оптимален тек и реализација на нашите заеднички цели .
- нашите добавувачи ги чувствуваме како дел од нашата организација и преку нашите меѓусебни односи сме во можност успешно да ги реализираме нашите процеси.
- сите наши напори ги насочуваме на континуирано подобрување на сите наши процеси, активности и карактеристики на квалитетот на секој произведен производ / дадена услуга.