ДОМАШНИ ФИЛТЕР ЧАЕВИ

Ги нарековме “домашни” чаеви зошто сметаме дека секој од нив заслужува место во секој дом, како составен дел од секојдневната исхрана. Секој од производите од оваа група е спакуван во филтер – пакување, практично, за поедноставно приготвување. Изобилство од билки, за сечиј и секаков пребирлив вкус: камилица, нане, мајчина душица, планински, шипка со хибискус, липа, кантарион и уште многу други.
ОВОШНИ ЧАЕВИ

За сите љубители на овошни вкусови, создадовме мешавини од сушени овошја и избрани лековити билки, ароматизирани со висококвалитетни природно-идентични ароми. Доколку и вашето омилено овошје е јаболкото, јагодата, портокалот или лимонот, праската или боровинката или можеби брусницата, ве покануваме на шолја овошен GOOD NATURE чај.
ЗЕЛЕНИ И ЦРНИ ЧАЕВИ

Под името чај, без никаква друга ознака или со ознака на земјата на потекло (кинески, руски, индиски, цејлонски) се подразбираат листовите и лисните пупки добиени од грмушката Thea sinensis, односно Camellia sinensis. Малкумина знаат дека зелениот и црниот чај се всушност листови од истата билка, Camellia sinensis, а се разликуваат според начинот на кој се обработени.
ОРГАНСКИ ЧАЕВИ

Органските GOOD NATURE чаеви се произведени во строго контролирани услови, сертифицирани за органско производство на безбедна храна. Потврдата за ваквиот беспрекорен квалитет, Алкалоид ја доби од светски признати авторитети за органски производи во земјите од Европска унија, Соединетите американски држави и Јапонија.
КЛАСИЧНИ ЧАЕВИ

Класичните чаеви се всушност ткн. рефусни пакувања на билките и за разлика од чаевите спакувани во филтер – кесички, кај овие, билките се исечкани во честички со поголеми димензии. Тоа секако предвидува и малку поразличен начин на подготовка на чаевите од вака иситнети билки.
МАГИСТРАЛНИ ЧАЕВИ

Магистралните чаеви се производи кои се подготвуваат по специфични барања на пациентите, за одредена индикација или потреба. Во оваа група се наоѓаат неколку производи кои произлегуваат од фреквентното побарување за истите, од страна на поголем број пациенти. Тие се дизајнирани врз база на традиционалните и фитотерапевтски сознанија за употреба на специфични лековити билки и слично како и медицинските чаеви, покриваат индикации кои мошне често се причина за заболувања.
МЕДИЦИНСКИ ЧАЕВИ ПРЕМИУМ

Палетата на медицинските чаеви Премиум опфаќа производи, билни мешавини, за подобрување на различните состојби на организмот. Сите производи се изготвени по рецептури кои се внимателно одбрани и за чие дејство постојат податоци во традиционалната медицина, но и во современата фитотерапија.
МЕДИЦИНСКИ ЧАЕВИ

Групата производи наменети како помошни средства при лекување одредени индикации или ткн. “медицински” чаеви опфаќа чаеви специјално дизајнирани, врз основа на традиционални и современи фитотерапевтски податоци за лековитите билки. Секој од чаевите претставува мешавина од лековити билки кои поволно дејствуваат на индикацијата за која е наменет чајот.
BECUTAN – ДЕТСКИ ЧАЕВИ

Детските чаеви од портфолиото на Becutan се специјално дизајнирани мешавини од грижливо одбрани лековити билки, коишто се сосема безбедни и приспособени кон детските потреби.