BLACK UP

Со првите зраци на сонцето и со топлото време речиси и да не постои некој кој не посакува да има убав, здрав и темен тен. Но, со децении е присутна дилемата дали сончањето е здраво или не. Умереното изложување на сонце е значајно за правилен раст и развој на децата поради стимулативното дејство врз претворањето на провитаминот Д во витамин Д, за подобрување на симптомите на остеопорозата и за подобрување на расположението.
BECUTAN

Доследноста во одржувањето на врвниот квалитет е најсилната гаранција, довербата во брендот „Becutan“ од 1978 година да се пренесува од генерација на генерација. Тоа е нашиот најцврст темел за долгогодишна традиција. На почетокот, со само 5 производи за хигиена на детска кожа, а денес портфолиото на „Becutan“ содржи над 26 основни типови производи со близу 50 различни форми на пакувања, чии формулации се работени во блиска соработка со медицински експерти. Името настанува како синергија од два збора: BEBE + CUTIS (lat. површински слој на кожата).
YOUNG DERM

Формулирајќи ја оваа колекција, многу големо внимание се посвети на изборот на сите состојки, особено на активните компоненти и на мирисната композиција, којашто не содржи алергени. Сите производи од колекцијата се дерматолошки тестирани.
SATTWA

Процесот на стареење започнува порано отколку што мислите. Иако не се забележуваат брчките, веќе по 20-та година клеточната структура се менува, а механизмот за самообновување на кожата почнува да слабее. Благодарение на науката, Sattwa кремот со витамин Ц и Sattwa кремот со овошни киселини ги стимулираат клеточните механизми во текот на денот и ноќта, враќајќи ја младоста и свежината на Вашата кожа.
ASSO

Кожата е одраз на односот кон себе. Секоја кожа има своја приказна, тврдат дерматолозите. Asso производите се за секојдневна нега на чувствителна кожа. Оптималната содржина на глицерин не дозволува сушење на кожата. Нудат пријатен мирис кој освежува и долго се задржува.
HERBA

Третманите, жешкиот воздух од фенот, сонцето и ветерот можат да ја исушат косата, да ја оштетат и да и го одземат сјајот. Одберете го шампонот за коса од палетата производи Herba, со препознатливи мириси од природата. Herba шампоните се ефикасни, практични и економични.