ЗАЧИНАЛ

Готвењето е уметност, а сите кои уживаат во него, особено внимание обрнуваат на додатоците на јадењата кои ги користат при создавањето уметнички дела. За секој готвач, од незаменлива вредност е добриот додаток на јадењата.
ХИМАЛАЈСКА СОЛ

Според легендата, оваа сол е откриена во 327 год. пр. н. е. кога Александар Македонски одмарал со својата коњаница во камените пештери на Хималите по победата над Дариус III. Изморените коњи започнале да ги лижат карпите и набргу ја вратиле својата сила, со што веќе побудиле интерес и кај војниците. Хималајската сол е камена сол, која се добива од пакистанскиот дел на Регионот Пунџаб (Punjab), односно од таканаречениот Солен Регион. Рудниците во овој регион се формирани пред околу 150 години и оттогаш начинот на обработка е скро ист.