Преку имплементација на иновативни системи и алатки ние создаваме култура на континуирано подобрување на услугите. Стратегијата која го поврзува менаџментот и вработените преку тимска работа и посветеност ни овозможува да го испорачаме нашето ветување кон вас.

Основна дејност на План Плус е дистрибуција на производи низ цела Македонија. Кон секоја работна задача пристапуваме посветено и совесно. Услугите и решенијата кои ги нудиме се насочени кон исполнување на барањата и очекувањата на клиентите, а со тоа го подобруваме нивното задоволство. Модерниот возен парк составен од 21 различни доставни возила, прилагоден според потребите, а тимот е професионално обучен, доверлив и флексибилен. Затоа нашата услуга е брза, прецизна, квалитетна и достапна секаде и во секое време.