ЗА НАС

ДОВЕРЛИВОСТ E СУШТИНАТА

Во План Плус, секој ден го започнуваме со една цел, Апсолутна доверливост:  тоа е нашата посветеност кон коректни, навремени и сигурни перформанси. Водени од нашата визија, мисија и вредности, како и нашиот иновативен пристап кон дистрибуцијата на нашите партнери им нудиме сигурност, ефикасност и безбедност.

plan-plus-macedonia-logo-plus-100x100

Компанијата ПЛАН ПЛУС ДОО  е специјализирана компанија за дистрибуција. Од своето основање во 2006 година, кога главни клиенти беа помали компании, компанијата изгради репутација на иновативен, флексибилен и пред сè стабилен партнер во дистрибуција на производи од областа на козметика, билкарство и хемија.

Повеќегодишниот професионален ангажман и посветеност во работата на тимот кој брои повеќе од  дваесет вработени, придонесоа компанијата да изгради солидна репутација и успех, при исполнувањето на очекувањата на клиентите. ПЛАН ПЛУС ДОО обезбедува сигурен, оптимизиран процес на дистрибуција со што се зголемува ефикасноста а истовремено намалување на трошоците на клиентите.

ВИЗИЈА

ПЛАН ПЛУС ДОО е компанија посветена да биде партнер од доверба, како кон добавувачите, така и кон клиентите, обезбедувајќи квалитетни услуги, исклучителна експертиза и услужливост и страст за квалитет и задоволство на клиентите.

ЗОШТО СМЕ ПОИНАКВИ

ПЛАН ПЛУС ДОО има организациска структура без строга хиерархија, што овозможува брза реакција при наоѓањето на решенија кои треба да одговорат на вашите барања, како и зголемување на брзината при донесување одлуки и ни дава можност да имплементираме кориснички решенија кои далеку ги надминуваат оние на нашите конкуренти.

Нашиот бизнис модел ви обезбедува:

  • Услуги и поддршка прилагодени кон клиентот
  • Креативни, кориснички решенија
  • Одговорност и сигурност
  • Флексибилност и конзистентност

За повеќе информации погледнете го нашето корпоративно видео.

ВРЕДНОСТИ
  • Обезбедување на највисоко ниво на квалитет на услуга и современа понуда на нови производи.
  • Градење на квалитетни и долгорочни деловни односи со клиентите, базирано на взаемна доверба.
  • Постојано исполнување на очекувањата на нашите клиенти со нашата услуга и квалитет на производи.
  • Работа базирана на чесност, интегритет и почит во секое време.
  • Приспособливост на промени и поттикнување на иновации.
  • Стремеж кон успешност во сè што правиме.
ПOЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

ПЛАН ПЛУС ДОО врз основа на следните принципи ја заснова својата политика за квалитет:

  • постојано проучување на потребите  на сегашните и идните корисници со цел истите да се прилагодат и подобрат за поголем успех во работата.
  • постојано исполнување на барањата на корисниците, за да допринесеме за нивно целосно задоволство.
  • сите одлуки кои ги донесуваме се засновани исклучиво на анализи, адекватни податоци и проверени факти.
  • сите вработени во компанијата активно учествуваат во сите дејности, свесни за успешноста на нашата организација.
  • сите активности се организираат како мрежа на процеси со јасно дефинирани влезови и излези во кои сите имаат соодветни обврски кои мораат да ги исполнат, односно со кои мораат во потполност и во секој момент да управуваат.
  • сите проблеми ги решаваме системски и систематски.
  • со целосна контрола на внатрешно организирање и обезбедување на соодветни  услови за работа создаваме поволно окружување за оптимален тек и реализација на нашите заеднички цели .
  • нашите добавувачи ги чувствуваме како дел од нашата организација и преку нашите меѓусебни односи сме во можност успешно да ги реализираме нашите процеси.
  • сите наши напори ги насочуваме на континуирано подобрување на сите наши процеси, активности и карактеристики на квалитетот на секој произведен производ / дадена услуга.
Д.Т.П.У. План Плус Д.О.О Скопје
ул. 1551 бр.7,
1000 Скопје, Р. Македонија
Тел.: +389 (0)2 3100 500
Факс: +389 (0)2 3116 512
E-mail: komercija@planplus.com.mk